На Универзитетот за наука и технологија во Техеран се оддржа масовна молитва со надеж дека ќе се донесе дожд и ќе се стави крај на сушата.
Иранските медиуми објавија дека во Техеран се воведени ограничувања за купување флаширана вода за пиење. Ограничувањето е шест шишиња по лице. Недостатокот на вода за пиење предизвика огромна побарувачка за флаширана вода, која е распродадена во продавниците.
Дополнително, цената на флашираната вода во Техеран се зголеми за околу 100%.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека главниот град мора да се пресели од Техеран поради пренаселеноста и акутен недостиг на вода.
Според него, градот веќе е во „борба за ресурси“ и инфраструктурата на метрополата не може да се справи со товарот.

Во исто време, нема буџет за преместување, но властите сметаат дека преместувањето на главниот град е единствениот излез од националната криза со вода.









