Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп изјави функционер од администрацијата на Трамп.
За време на состанокот, Министерството за финансии на САД објави дека привремено го суспендира спроведувањето на санкциите „Цезар“ за 180 дена. Сириското претседателство соопшти дека разговорите во Овалната соба ги опфатиле билатералните односи меѓу Вашингтон и Дамаск и начините за нивно зајакнување и развивање, како и голем број регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Брајан Маст, кој остро се спротивставува на целосното укинување на санкциите на Цезар, се сретна со Ал-Шара во неделата. Маст претходно изрази загриженост за укинувањето на санкциите, но во понеделник рече дека разговарал со Ал-Шара и објавил дека сирискиот претседател официјално ќе стане член на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС за време на средбата со Трамп.

Толпа сириски Американци се собра пред Белата куќа за да го поздрават претседателот Ахмад Ал Шара, пред неговата средба со претседателот Трамп.











