САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шараи, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според забелешка на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи за ал-Шараи и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб.
Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на Обединетите нации ќе се одрази и во мерките на ЕУ. Ал-Шараи и Хатаб претходно беа предмет на финансиски санкции насочени кон Исламска држава и Ал Каеда, објави Хина.
Велика Британија укина дел од своите санкции врз Сирија во април, додека ЕУ ги укина своите економски санкции во мај, но ограничувањата за оружје и безбедност остануваат на сила.
Шара, порано познат како Абу Мохамед ал-Џулани, стана претседател на Сирија во јануари откако бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го соборија Башар ал-Асад во молскавична офанзива.








