Најмалку 52.862 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство во понеделник.
Министерството во соопштението наведува дека 33 лица се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, додека 94 се ранети. Со ова, вкупниот број на ранети во израелската офанзива се искачи на 119.648.
„Многу жртви се уште се закопани под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.
Израелската војска ги обнови нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш уби 2.749 луѓе, а повреди повеќе од 7.600, со што го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во ноември минатата година за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.