Интернет онлајн радиото “НАШЕ РАДИО“ ( www.naseradio.com) кое веќе успешно функционира повеќе од една година, успшено ја презентира својата колекција на традиционални изворни “торбешки песни“.

Целта на ова радио е да се зачуваат нашите традиционални песни кои од поодамна биле нашишани и испеани од наши сограѓани, и со тоа не дозволи истите да бидат заборавени.

Ова радио, отворено е и за сите оние кои сакаат да дознаат и за нашата традиционална песна.целта не е политизирање и слично.

Врз основа на тоа оваа интернет радио веќе има сопствена веб адреса: www.naseradio.com

Покрај тоа истовремено се вклучуваат и презентираат и видео-радио емисии од изведувачи на народни песни од представниците на другите јазици: Албански, Турски, односно сите јазици кои гравитираат во Македонија.

Во најскоро време, ќе биде започнат и циклусот на емисии во живо, преку кои ќе се настојува да не се заборави нашата традиција и обичаии, како и да се доближиме до нашата дијаспора ширум светот каде што гравитираат и привремено предстојуваат.

Истио така посебно би биле благодарни доколку како наш слушател поседувате песна, од нашиот крај која е испеана од наши сограѓани, без оглед, дали со музика, без, ( во живо) , и истата биде испратена од нашата редакција со што би е прошириле и збогатиле нашата колекција.

Отворени секогаш за сите видови на предлози, и надоплнување, корекции и слично.

Редакција на НАШЕ РАДИО..