51
Израелските окупатотски сили во Ерихон речиси целосно го исушија изворот Ал-Ауџа, еден од најважните природни ресурси на окупираниот Западен Брег.
Палестинските власти соопштија дека овој извор на вода целосно пресушил за прв пат по децении и дека тоа се случило како резултат на намерни израелски дејствија.

Изворот се наоѓа во градот ал-Ауџа во Ерихон, на истокот од долината на реката Јордан, и се смета за крвоток на земјоделството, сточарството и домашниот туризам поради изобилството на вода во текот на целата година.

Пресушувањето на овој извор ја гаси можноста за живот, принудувајќи ги локалните жители да се преселат во други региони.
