Почитувани, не може човек , а да не ја искаже својата радост и задоволство од она што редакцијата на Дубаи Портал го забележа на овогодинешниот Традиционален Рамазански ифтар 2025, втор по ред, во организација на џемаатот на населба Подгорци при Сусегана/Италија.

Несомнено кога би се направила анализа од почетокот на ланешниот па до овогодинешниот втор по ред , повеќе од јасно е дека дечките кои стојат зад оваа организација, понесени од желбата и да допринесат во продолжување на оваа веќе традиција, како наши роднини, браќа, пријатели и соселани “виновни“ се за зголемената присутност на џемаат како од околните делови на Италија, така и од соседните држави, Словенија, Швајцарија, Германија.. идр.

Ако постои било како крајно отценување, искрено не би знаел да кажам дали постои таква бројка која ќе ги задоволи параметрите на ова што тие го направија, како од пречекот на гостите, подготвувањето на ифтарската храна за некаде над 300 џематлии, обезбедување на простор, расчистување на просторот и сето тоа да биде запазено во рокот кога треба да се извршуваат и предвидените намази ( Акшам, Јација/Теравија). “Секоја ви чест дечки, Да сте ни здрави и живи В,година повесели“.

Инаку во своето излагање членовите на џемаато од Подгорци / Сусегана, Италија, не ја сокрија својата благодарност до Аллах џ.ш што овозможи да биде организиран овој заеднички ифтар кој веќе прерасна во традиција. Исто така благодарноста се упатува и до џамискиот одбор на џамијата ЕМАНЕТ, посебно до имамот Авнија еф. Нурчески, кој секогаш е главниот виновник за преполната џамија и нејзиното функционирање големата помош и поддршка што ја овозможија во целокупната организација.

Секако тука неизмерна благодарност упатуваме и до нашите гости кои ни пристигнаа од Подгорци, имамот Џеваир еф Сефоски, Хафизот Каплан Оџоски, џамискиот одбор на населба Подгорци, како и младите талебиња и идни хафизи Мухамед Реџоски, Ејуп Капланоски, Мухамед Мевмедоски, чие присуство ја збогатија оваа НАША заедничка програма.

Посебна благодарност и до сите наши Подгорчани кои ни пристигнаа од повеќето делови на Европа.

Се разбира, особено посебна благодарност упатуваме и до нашите неуморни дечки за вложениот труд, и финансиската помош за реализацијата на овој наш гиодинешен втор Рамзански ифтар 2025.

И за крај, упатуваме посебна благодарност и до нашиот медиумски покровител Дубаи Портал, кој секогаш ги следи нашите активности пренесува во целост истите да бидат представени и незаборавени бна пошироката јавност.

Селам: Организатори на овогодинешниот Рамазански ифтар 2025.