Поради штрајк над 700 летови се откажани на аеродромот во Минхен поради, соопшти управата на аеродромот.
„Од планираните 830 летови, има само околу 100“, изјави портпаролот на аеродромот.
Синдикатот Верди ги повика работниците во службата за безбедност и во службата за патници на дводневен штрајк кој треба да трае до петок навечер.
Штрајкот ја погодува и сојузната покраина Баварија, каде следната недела почнуваат карневалските празници, во кои многу семејства со деца имаат намера да одат на одмор.
Штрајкот на аеродромот во Минхен, кој е најважниот меѓународен воздушен центар во Германија по Франкфурт, е последен во серијата штрајкови што ги свика синдикатот на вработените во јавниот и сервисот.
На почетокот на неделата, од штрајкот беа погодени и аеродромите во Дизелдорф и Келн/Бон. Во исто време, штрајк има и на аеродромот во Хамбург, но овде, како што е соопштено, биле погодени само мал број летови.
Покрај вработените на аеродромите, изминативе денови штрајкуваа и вработените во градските служби за јавен превоз и Германската пошта.
(Vijesti.ba)










