На меѓународниот аеродром Бусан во Јужна Кореја се запали патнички авион.

Сите 169 патници и седум членови на екипажот се безбедно евакуирани, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на властите.

Пожарот избувнал во опашката на авионот на „Ер Бусан“, се вели во извештајот.

Помина еден месец од најсмртоносната воздушна катастрофа на јужнокорејско тло, кога авион кој доаѓаше од Бангкок се урна на пистата на аеродромот Муан при итно слетување.