И покрај најавата за договор за прекин на огнот, израелската армија денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, предизвикувајќи повеќе жртви меѓу цивилното население.

Очевидци изјавија дека израелско беспилотно летало ги бомбардирало шаторите на раселените Палестинци во западниот дел на градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа. Меѓу ранетите има и деца.

Image 3 of 16

Екипи на Цивилната заштита и граѓани излегоа на местото на нападот за да го изгаснат пожарот што избувна во шаторите на раселените, додаваат очевидци.

Доцна во средата, катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани го потврдија договорот за прекин на огнот, кој треба да стапи на сила во недела.

Тој изјави дека првата фаза, која ќе трае 42 дена, предвидува ослободување на 33 израелски затвореници во замена за одреден број палестински затвореници.

Соопштението доаѓа на 467-от ден од израелскиот геноцид во Газа во кој беа убиени и ранети повеќе од 156.000 Палестинци, главно жени и деца.

Image 7 of 16

Повеќе од 11.000 луѓе се водат за исчезнати, со широко распространето уништување и хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца во една од најлошите глобални хуманитарни катастрофи досега.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.