Турските власти соопштија дека во последните 48 часа од труење со нелегално произведен алкохол починале 23 лица.

Се додава дека уште 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, објави американската ТВ мрежа CBS News.

Надлежните соопштија дека од почетокот на годинава вкупно 34 лица починале како последица на нелегално произведен алкохол кој содржи метанол, пренесува Танјуг.

Според податоците од најновата студија објавена во Турција, во нелегално произведениот алкохол наместо етанол често се додава метанол, бидејќи е поевтин и може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Бројот на случаи на труење од нелегално произведен алкохол не е невообичаен во Турција, каде приватното производство на алкохол е зголемено поради зголемувањето на даноците на властите за алкохолните пијалоци, потсетува CBS News.

Според владини претставници, 110 лица во Истанбул претрпеле труење со алкохол во 2024 година, од кои 48 починале.

(Vijesti.ba)