ОТАВА – Алкохолот од Соединетите Држави ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио почнувајќи од вторник како одговор на воведувањето царини од 25 отсто на американскиот претседател Доналд Трамп за канадскиот увоз, изјави премиерот на покраината Даг Форд.
Форд на платформата „Х“ изјави дека одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO) добил наредба да преземе мерки како одговор на наметнувањето американски царини за канадски стоки.
Тој потсети дека до сега, Канада секоја година бележи продажба на алкохолни пијалоци од САД во вредност од речиси милијарда долари.
LCBO, исто така, ќе ги отстрани американските производи од својот каталог, така што другите ресторани и трговци на мало во Онтарио не можат да ги нарачаат тие производи, рече Форд.
Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини за стоки од Канада, Мексико и Кина.
Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, на брифинг со новинарите во петокот рече дека царините за Мексико и Канада ќе бидат 25 отсто, а за Кина 10 отсто поради незаконскиот фентанил што се дистрибуира во Соединетите држави, за што таа тврди дека довело до смрт на десетици милиони Американци, пренесува Танјуг.