Неколку куќи биле затрупани во свлечиште предизвикано од невреме во областа Кокра во општина Предвор во Словенија, но нема повредени.
Свлечиштето кое се активираше синоќа целосно затрупа четири куќи, од кои најмалку две се проценува дека повеќе не се погодни за живеење.

Повеќе од 100 припадници на арзни служби и волонтери денес ќе учествуваат во санација на теренот.

На сила е забрана за движење и прелет на дронови.