Фестивалот на детски забавни песни Радика-Фест 2024 пред преполна публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, го одржа своето 15-то издание.

На самиот почеток на фестивалот поздравен збор зеде Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот Радика Фест 2023 кој ги поздрави присутните гости а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија околу 40 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид кои изведоа 16 нови авторски композиции.

Стручното жири на фестивалот во состав Меџит Муслиовски, Емин Мемишоски, Неџат Мимидиноски, Филип Василевски и Алберт Салиу доделија награди од стручното жири, награди за најдобар вокал, награди за најдобар сценски настап, награда од публиката, награда за најдобар дебитант, за најдобар дует, бест талент и бест хит.

Победник на Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2024 е Мелда Кадри од Дебар која ја испеа прекрасната песничката Рок ен Рол (Музика: Зинче Мимидиноски, Текст: Лила Тодоровска, Аранжман: Јовица Каралиевски). Нејзиниот магичен настап со прекрасна интерпретација и уште поубавиот сценски настап ги воодушеви присутните посетители.

Наградата од публиката ја освои Надија Нурединоска од с.Д. Косоврасти, (Музика: Зинче Мимидиноски, Текст: Миладин Угреновиќ),

-Наградата за најдобар вокал ја доби Елина Смајлоска од Боровец со песната Мојата другарка (музика:Зинче Мимидиноски, текст: Миладин Угреновиќ),

аградата за најдобар сценски настап ја доби Ада Кадриоска од Струга со песната Миа има маченце (Музика: Зинче Мимидиноски, Текст: Мира Георгиевска),

аградата за најдобар дебитант ја доби Берна Фејзули од општина Маврово-Ростуше поточно од Ростуше,

-Наградата Бест талент ја доби Бида Оручоска додека БЕСТ ХИТ ја доби Нела Беќировска.

Гости во програмата на фестивалот ГАКУД Браќа Ѓиноски од Гостивар.

Директорот на фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика Фест 2024 година уште еднаш се заблагодари за финансиската поддршка од Министерството за Култура на република Северна Македонија, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, Општина Маврово-Ростуше, МЦМС, Дебарски Бањи Цапа Дебар, Хотел Боград Струга како и на поддршка на Центарот за ултура Дебар каде уште од 2010 година е и самото седиштето на фестивалот Радика Фест.