Палестинците во Деир ел-Балах во централна Газа користат запрежни коли за транспорт во услови на криза со гориво предизвикана од израелската војна во Појасот Газа.
Израелската армија веќе осум месеци извршува напади врз Појасот Газа, принудувајќи многу Палестинци да ги напуштат своите засолништа во други делови на палестинската енклава.
Израелските сили оваа недела извршија жесток напад врз бегалските кампови Нусајрат во Газа, Ал Бурајџ во Деир ал Балах и Ал-Магази.
Многу жители на Газа кои претходно побегнаа во овие бегалски кампови мораа повторно да побегнат во други области во потрага по побезбедно место, што е речиси невозможно да се најде со месеци во палестинската енклава.
По многубројните напади, илјадници Палестинци од централните делови на Појасот Газа почнаа да ги пакуваат оние малку предмети што им останаа и да бегаат на југ, каде што израелската армија исто така продолжува да извршува напади.
Некои ги спакуваа работите во своите автомобили и тргнаа на пат, додека голем дел од нив поради недостиг на гориво тргнаа со коли во потрага по побезбедно засолниште.
Најмалку 37.084 Палестинци се убиени во израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври. Во соопштението на Министерството за здравство се додава дека во нападите се повредени 84.494 лица. Многумина се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.









