Еден патник загинал, а повеќе од 30 други се повредени на летот на „Сингапур ерлајнс“ од Лондон за Сингапур, кој бил погоден од силни турбуленции, јавува Би-би-си.
Авионот „Боинг 777-300ЕР“ кој летал за Сингапур бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време (08:00 часот по Гринич).
Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, се вели во соопштението.
Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.
Сè уште не е јасно што точно се случило на летот.









