Огромен број на граѓани во Табриз: Почна првата церемонија за збогување со иранскиот претседател

by Administrator

Првата од неколкуте планирани церемонии за збогување на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и другите жртви од хеликоптерската несреќа во неделата започна во Иран.

Илјадници поддржувачи се собраа на церемонија во северозападниот ирански град Табриз за да се простат од жртвите, објавија државните медиуми. Табриз е главен град на иранската провинција Источен Азербејџан, каде што се случи несреќата, пренесува ХИНА.

https://twitter.com/i/status/1792880034715238451

Видеата споделени од иранските новински агенции покажуваат толпи луѓе под облачно небо и отворен камион кој носи трупови украсени со цвеќиња полека се движи низ улиците.

Мнозинство на гераѓани се туркале околу камионот обидувајќи се да ги стават рацете на ковчегот на Раиси и другите жртви. Според новинската агенција Тасним, во толпата бил и министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди. Планирани се дополнителни церемонии на жалост во верскиот центар и аџилакот Ком, како и во главниот град Техеран.

You may also like