Сопругата на сирискиот претседател Ал Асад боледува од леукемија

by Administrator

Претседателството на Сирија денеска соопшти дека сириската прва дама Асма Ал Асад боледува од акутна миелоцитна леукемија.

Во соопштението се додава дека Асма ќе оди на терапија која бара изолација, поради што нема да учествува во редовни настани и активности, пренесува САНА.

Претседателството додаде дека првата дама ќе оди на терапија „со волја, одлучност и верба во Бога“, пренесува Танјуг.

Ројтерс потсетува дека Асма пред речиси пет години објави дека целосно закрепнала од рак на дојка.

You may also like