Модел за целиот муслимански уммет, последниот божји пратеник Мухамед а.с  со својот живот и постапки мотивираше и инспирираше многу светски лидери кои не беа муслимани. За него, но и за исламот како религија најубаво зборуваа многу научници, филозофи, писатели, актери, светски лидери, државници, од Индија, преку Западна Европа до Америка.

Еве само неколку примери:

„Ве молам разберете го моето предвидување: доаѓа времето на исламот кога светот ќе се најде во љубов и мир. Голем број поединци од мојот народ влегле и сè уште влегуваат во исламот!“ (Џорџ Бернард Шо, британски драматург, роден во 1856 г.).

„Луѓето како Мухамед, кој го оспособува небото ги држат сите узди на животот затоа што тие го водат вистинскиот живот!“ (Жан Жак Русо, француски филозоф, роден 1712 г.)

„Доказ дека исламот не се раширил со меч е фактот што многу луѓе го прифатиле исламот иако биле далеку од неговата територија, неговите воени походи и освојувања!“ (Волтер, роден во 1694 година, француски писател и филозоф)

„Се чини дека Куранот е повисока сила која не може да се надмине или порази. Не можам да надминам супериорна сила!“ (Наполеон Бонапарта, роден 1769 година, француски владетел и војсководец)

„Мухамед не беше поет, вешт во лингвистичко изразување, туку Мухамед беше пратен пратен, поучен со точно одредена задача. Божествената Промисла го избра за оваа задача, бидејќи Мухамед можеше да ја постигне, да ја достигне целта!“ (Јохан Волфганг фон Гете, германски писател роден во 1749 година).

„Пратеникот на исламот – тој беше оној кој ме инспирираше јавно да се залагам за ослободување на Индија!“ (Ганди, роден 1869 година, индиски водач и борец за слобода)

„Моралот на гласникот на исламот ги надмина сите граници и го сметаме за модел за секој реформатор кој би сакал светот да се движи кон вистински мир!“ (Џавахарлар Нехру, претседател на Индија и еден од основачите на Движењето на неврзаните , роден во 1889 година).

Научникот Алберт Ајнштајн, актерите Ричард Бартон и Ентони Квин, писателите Рабиндранат Тагоре и Лав Толстој и многу други зборуваа со нескриено восхит и почит за пророкот, мир над него.