Кула Ататурк во чест на 100 години Република Турција

by Administrator

Во турскиот главен град Анкара наскоро официјално ќе биде отворена Републиканската кула на Ататурк, новиот симбол на турската метропола.

Републиканската кула на Ататурк на посетителите ќе им овозможува поглед од птичја перспектива на турскиот главен град, кој има над 5,6 милиони жители.

Планирано е кулата, која ја симболизира 100-годишнината од Република Турција, да биде отворена на годишнината од победата во Чанаккале, која се слави на 18 март.

Наскоро успешно ќе биде завршена изградбата на кулата висока 197 метри, која на 18 јули 2003 година ја иницираше општина Кечиорен.

Кулата вклучува и уметничка галерија каде може да се одржуваат изложби, библиотека, гимназија, трговски центар, сала за венчавки, огромна тераса и научен центар, како и кафуле и ротирачки ресторан со панорамски поглед, пишува Анадолија.

You may also like