Нашата семејна фирма започна да функционира од 2021 година како идеја на моето семејство.

И покрај мојата професионалност како естраден уметник со која се занимавам повеќе години наназад а за што сум препознатлив кај пошироката јавност, одлучивме заедно со мојот син и дел од членовите на нашето семејство да започниме и со семеен бизнис преку кој на некој начин ќе се пробиваме во ова тешко време, и од тука од 2021 година започнавме со формирањето на Бери Фарм.

Имајќи во предвид дека нашите пазари се преплавени со голем број на вештачки производи, од тука одлучивме во нашата мала фирма да се произведуваат исклучиво производи со потекло од нашите поднебја и цеосно на природна основа, односно сите состојки на производите да бидат од нашиов крај, тргнувајќи од исхраната на домашните животни, преку кои добиваме поголем број на приоизводи па се до финалната обработка од страна на членовите на моето семејство.

Нашите производи се карактеризираат со 100% Био потекло без додавање на било какви други вештачки додатоци и адитиви, за што целосно стоиме и одговорно тврдиме за нашиот производ иако сега ја започнуваме нашата традиција.

За почеток  од нашиот асортиман може да издвоиме:

1.КРАВЈА МАСТ
1.КРАВЈА МАСТ
2.ДОМАШНА СВЕЖА ИЗВАРКА
2.ДОМАШНА СВЕЖА ИЗВАРКА
3.МЛЕКО
3.МЛЕКО

4.Традиционален Јогурт / МАШТЕНИЦА

Како и:

5.Домашни јајца

6.Пченкарно брашно…

Вршиме достава и надвор и околу нашиве населби, така да сите оние кои сакаат да бидат дел од вкусот на нашите производи, слободно може да нѐ контактираат на тел:

076 /731 – 694

Се разбира не застануваме тука, и наскоро планираме да нашиот асортиман да го прошириме и со други производи, и да го зголемиме нашиот капаците врз основа потребите, односно големината на побарувачката на нашите муштерии, како што изјавив претходно тие ќе бидат исклучливо од домашно потекло ни изјави сопственикот на ова семејна фирма – г-дин Рамиз Азизоски