Државата Израел ја финансираше палестинската милитантна група Хамас во обид да ги ослаби палестинските власти, изјави вчера високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Да, израелската влада го финансираше Хамас во обид да ја ослабне палестинската управа предводена од Фатах“, изјави Борел за време на говорот на Универзитетот во Ваљадолид во Шпанија, но не даде детали, пренесува Ројтерс.
Борел додаде дека единственото мирно решение за војната во Појасот Газа вклучува формирање на државата Палестина.
„Ние само веруваме дека решението за две држави наметнато однадвор ќе донесе мир иако Израел инсистира поинаку“, рече тој.
Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година по кратката граѓанска војна со силите лојални на движењето Фатах предводени од претседателот Махмуд Абас, кој е со седиште на Западниот Брег и исто така ја предводи Организацијата за ослободување на Палестина.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли обвинувањата на неговите политички противници во Израел и некои светски медиуми дека неговата влада со години активно го зајакнува Хамас во Појасот Газа.








