Денес, израелската војска го бомбардираше седиштето на палестинската владина канцеларија за медиуми и нејзината поврзана новинска организација во Газа.

Во соопштението за печатот, Канцеларијата за медиуми го осуди израелското бомбардирање на седиштето на Канцеларијата и зградата на новинската мрежа Ер-Реј во Газа.

– Залуден е обидот на администрацијата на Тел Авив да ја заплаши владата во Газа, да спречи јавно обелоденување на израелските злосторства врз жените и децата и да ја прикрие вистината – се нагласува во соопштението.

Во соопштението потсетуваат и дека Израел досега во геноцидната војна против Газа од 7 октомври досега уби 97 новинари, приведе осум од нив и рани десетици.

– Ова покажува дека секој што работи во медиумската област е цел – додаваат тие.