Неколку деца загинаа во болницата „Камал Адван“ на северот од Појасот Газа поради недостиг на гориво, храна, кислород и други основни медицински материјали, што е последица на ригорозната блокада и напад што Израел го изврши врз ова Палестинска енклава.

Медицинскиот персонал на болницата во Беит Лахија води драматична борба за спасување на животите на ранетите и болните деца, вклучително и предвремено родените бебиња.

Палестинската новинска агенција ВАФА јавува дека најмалку три предвремено родени бебиња починале во болницата „Камал Адван“ поради недостиг на гориво и, следствено, недостиг на струја во оваа здравствена установа.

Израелската војска го приведе директорот на болницата Ал-Шифа, Мохамад Абу Салмија во Појасот Газа, објави во четвртокот израелската јавна радиодифузна корпорација.

Калед Абу Самра, лекар во болницата Ал-Шифа, изјави за Анадолу дека директорот на болницата бил приведен од израелската армија.

– Окупаторските сили уапсија одреден број медицински персонал заедно со Абу Саламиј – изјавил тој.