Во позадина на настаните во Појасот Газа, во Турција се засилува непријателската атмосфера кон САД како земја која отворено го поддржува Израел во војната против Хамас, поточно не реагира на методите што ги користи и како резултат на тоа од кои страдаат огромен број цивили, додека милионскиот град постепено се претвора во урнатини. Работите стигнаа до таму што Турција почнува да ги бојкотира производите и брендовите на оние кои на кој било начин ги поддржуваат опишаните акции во Газа.
За ова пишува и турскиот медиум Јени Шафак кој го пренесува следново:
„На списокот на бојкотирани брендови се и Mastercard и Visa, кои ја поддржуваат или остануваат рамнодушни кон израелската агресија врз Појасот Газа.
Турција најде алтернатива за овие два бренда – локалниот и националниот систем за плаќање TROY:
Обемот на користење картички на турскиот платен систем TROY (Türkiye’nin Ödeme Yöntemi / Турски начин на плаќање), развиен од Центарот за меѓубанкарски картички (BKM) на Турција, се зголеми за 57% во октомври во споредба со претходниот месец и достигна 47,9 милијарди лири, а бројот на корисници на платежни картички TROY достигна 19 милиони луѓе“.
Претходно турскиот министер за верски прашања повика на бојкот на брендовите кои го поддржуваат Израел. Неодамна Туркиш ерлајнс исто така одлучи да ги отстрани производите од брендовите кои го поддржуваат Израел.
Турскиот парламент, исто така, повеќе нема да ги послужува производите на американската компанија Кока-Кола како дел од бојкотот на компаниите кои го „подржуваат Израел“. Ова неодамна беше наведено во соопштението на законодавното тело на турската држава. „Одлучено е производите на компаниите кои го поддржуваат Израел да не се продаваат во ресторани, кафетерии и чајџилници во кампусот на парламентот“, се вели во соопштението.









