65
Израел се согласи да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во северниот дел на Појасот Газа, соопшти во четвртокот Белата куќа.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Израел ќе го објави ова три часа пред да стапат на сила паузите.
– Сметаме дека овие паузи се чекор во вистинската насока, особено за да се осигураме дека цивилите имаат можност да стигнат до побезбедни области далеку од активните борби – рече Кирби.
Тој додаде дека паузите ќе овозможат пренесување на хуманитарна помош и на Палестинците „да се оддалечат од опасноста“.
