Парламентот на Летонија денеска одлучи да им дозволи на истополовите парови да регистрираат партнерства, со што ќе им се овозможи легално признати, но сепак имаат помалку права од брачните двојки.
Хомосексуалноста останува проблем кој предизвикува поделби во Летонија, чии пратеници го променија уставот во 2005 година за да го дефинираат бракот како заедница дозволена само меѓу маж и жена.
Новиот закон, кој треба да стапи на сила кон средината на следната година, им овозможува на истополовите парови да го пријават партнерството кај нотар.
Партнерите во таков однос имаат право на посети во болница и некои даночни и социјални бенефиции.
Сепак, Каспарс Залитис, активист за правата на хомосексуалците, истакна дека истополовите парови сè уште нема да можат да посвојуваат деца и ќе се соочат со проблеми со наследството.
„Ова е одличен почеток… Летонија не е една од шесте земји во Европската унија кои не ги признаваат истополовите парови“, изјави Залитис за Ројтерс.
Летонија е полноправна членка на Европската Унија од 2004 година и ова е голем чекор напред кога станува збор за правата на ЛГБТ луѓето во оваа земја.
(Vijesti.ba)
