Откако Боливија, Чиле и Колумбија решија да ја прекинат соработката со Израел поради ситуацијата во Газа, слична одлука донесе и Хондурас, кој го продолжи бранот незадоволство на земјите од Латинска Америка од актуелната ситуација во Газа.
Министерството за надворешни работи на Хондурас објави дека го поканило својот амбасадор во Израел на консултации поради, како што рече, израелското прекршување на меѓународното хуманитарно право во Појасот Газа, пренесува Ројтерс.
Хондурас е последната земја од Латинска Америка која го отповика својот амбасадор откако Колумбија и Чиле го сторија тоа како одговор на акциите на Израел во Појасот Газа.
За ситуацијата во Појасот Газа, претходно се огласи и претседателот на Чиле, кој рече дека ова што се случува во Газа е неприфатливо за оваа земја.
„Она што се случува во Појасот Газа е едноставно неприфатливо. Сакам да бидам многу јасен. Како претседател на Чиле, без двоумење, силно и категорично ги осудувам сите настани, вклучително и нападите од Хамас. Исто така, бараме ослободување на сите затвореници“, изјави претседателот на Чиле, Габриел Бориќ.
(Vijesti.ba)







