Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во вторникот алармираше поради зголемениот број смртни случаи на деца во Појасот Газа од 7 октомври, кога тензиите меѓу Израел и Палестина ескалираа во вооружен конфликт.
– Газа стана гробишта за деца – изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер на брифинг во Женева.
Елдер го повтори повикот на УНИЦЕФ за итен прекин на огнот и хуманитарен пристап до резервите за Појасот Газа, наведувајќи дека децата во Газа умираат не само поради воздушни напади, туку и поради недостаток на потребна медицинска нега.
Израелската војска ги прошири воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци. Во Газа беа убиени 3.457 деца.
Поради израелската блокада прекинато е снабдувањето со гориво, струја и вода, а испораката на помош е намалена до количина што не може да ги задоволи потребите на повеќе од два милиони Палестинци.
Во израелските напади врз Газа загинаа 444 бебиња, од кои 133 бебиња до една година, 153 бебиња до една година и 158 бебиња на возраст од две години.









