Најмалку пет работници загинаа во понеделникот во северниот германски град Хамбург кога се урна скеле на градилиште, изјави портпаролот на противпожарната бригада.
„Неколку луѓе се затрупани под скелето и се водат како исчезнати“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Тој изјави дека во несреќата загинале пет работници.
Несреќата се случила во делот на пристаништето каде се градат трговски центар, ресторани, деловен простор и хотели.
Тоа е едно од најголемите градилишта во Хамбург.
(Vijesti.ba)









