Додека ги гледаме страшните снимки од Газа, на нормален човек му е тешко да остане рамнодушен. Страшна снимка од ранети и мртви деца, бебиња со крвави глави и мртви луѓе кои спасувачите очајно се обидуваат да ги извлечат од урнатините на зградите кои беа срамнети со земја од моќните израелски авиони Ф16. Државата Израел врши злосторство од неразбирливи размери врз цивили, за кое нема оправдување. Ако која било друга земја извршила такви страшни злосторства, би се нашла под меѓународни санкции и суд на правдата. Да забележиме дека досега во Газа се убиени далеку повеќе од 2.000 деца, наспроти 500-те деца кои загинаа во украинската војна.
Видеото што ќе ви го прикажеме сега го прикажува овој геноцид во неговиот целосен ужас без цензура и без омекнување на реалноста како што тоа го прават мејнстрим медиумите. Ве предупредуваме дека некои сцени се тешки за гледање, а доколку тоа ве вознемирува, не отворајте го видеото.
На крајот, да напоменеме дека владата на Димитар Ковачески му даде целосна поддршка на Израел во овие операции со поставување на Израелското знаме пред Владата на Македонија. Вчера во Генералното собрание на ОН Македонија гласаше воздржано за резолуцијата за прекин на огнот.
Светот е на работ на нов голем глобален конфликт и исто како и во 1940 година, Македонската влада и нејзините медиуми ја избра страната на злото. Но, за сите добродушни луѓе знаеме што да правиме, патот ни го покажаа нашите дедовци. Невремето доаѓа, подгответе се.









