Руското Министерство за одбрана во вторникот објави дека два стратешки бомбардери Ту-95 извршиле седумчасовен лет над Јапонското Море, придружувани од борбени авиони Су-35, пренесува Ројтерс.

– Летот беше извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор – се вели во соопштението на генерал-полковник Сергеј Кобилаш, командант на авијација со долг дострел.

– Пилоти на авијација со долг дострел редовно летаат над неутралните води на Арктикот, Северниот Атлантик, Црното и Балтичкото Море и Тихиот Океан – додал Кобилаш.

(Vijesti.ba / ФЕНА)