43
Исмаил Ханије, шеф на политичкото биро на Хамас, изјави дека нема да има миграција од Газа, или Западниот Брег, нагласувајќи дека Палестинците се длабоко вкоренети во нивната земја.
„Ќе ја продолжиме нашата борба додека не се воспостави нашата држава, не се ослободат нашите заробеници и свети места и нашите раселени не се вратат во своите домови“, рече тој во телевизиско обраќање.
Ханије нагласи дека Хамас не ги таргетира децата и постарите лица.
Тој повика на зголемени демонстрации на поддршка за Газа.