Анкара е подготвена да преземе посредничка улога во актуелните израелско-палестински тензии, изјави во понеделник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Сакам да кажам дека Турција е подготвена на секаков вид посредување, вклучително и размена на затвореници, доколку тоа го побараат двете страни – изјави Ердоган по владиниот состанок во турската престолнина Анкара.

Турција исто така го повикува Израел да престане со бомбардирањето на палестинските области и ги повикува Палестинците да престанат да ги вознемируваат цивилните области во Израел.

– Уништувањето на Газа со воздушни и копнени напади, бомбардирањето на џамиите и убивањето на невини деца, жени, стари лица и цивили никогаш не можат да бидат прифатливи – нагласи тој.

Турција, исто така, ги прави неопходните подготовки за испорака на хуманитарна помош што им е потребна на луѓето во Појасот Газа, додаде Ердоган, потсетувајќи на нападите од израелските воздушни напади и уништувањето на инфраструктурата.

Претходно во понеделникот, Ердоган имаше одделни телефонски разговори за најновата ситуација во регионот со израелскиот лидер Исак Херцог и палестинскиот претседател Махмуд Абас.