Откако во близина на Ерусалим беше погодена џамија изградена од неговиот татко џамијата Ахмат Кадиров, се огласи и лидерот на Чеченија и повика да се испратат неговите војници во Израел.
Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров апелираше до „светската заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука во врска со ситуацијата во Палестина“. Тој ги повика и „лидерите на муслиманските земји да создадат коалиција која ќе ги повика Европа и Западот да не бомбардираат цивили под изговор дека убиваат милитанти“.
„Доколку е потребно, нашите единици се подготвени да дејствуваат како мировници со цел да се врати редот и да се спротивстават на сите нарушувачи на мирот“, додаде чеченскиот лидер.










