Шест дена по разорниот земјотрес што го погоди Мароко и предизвика огромни штети во станбените области, една жена беше спасена од урнатините, соопштија денес тимовите за пребарување и спасување.
Локалните извори за Anadolu Agency изјавија дека жената била спасена и извлечена од урнатините на зграда во селото Тизи-н-Тест, во провинцијата Тарудан, во централно Мароко.
Таа преживеала и со возило на брза помош била пренесена во теренска воена болница оддалечена 60 километри.
Бројот на загинатите во разорниот земјотрес во Мароко се искачи на 2.946, а повредени се 5.674 лица, соопшти МВР.









