Полска пријави 23 смртни случаи од Легионерска болест, непознат извор на инфекција

by Administrator

Полска објави вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест заклучно со 11 септември, објави Светската здравствена организација во четвртокот.

Пријавени се вкупно 166 случаи на болеста, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7 септември не е регистриран ниту еден нов случај, пренесува Ројтерс.

Легионерската болест, која е предизвикана од бактеријата Легионела, може да резултира со тешка форма на пневмонија. Најчеста форма на пренос е вдишување на контаминирани аеросоли, според СЗО.

Во август, властите соопштија дека полската агенција за домашна безбедност истражува дали појавата на легионерската болест можела да биде резултат на намерно манипулирање со системот за вода.

//
– Изворот на инфекцијата се уште не е откриен, а истрагата се уште е во тек – соопшти СЗО.

You may also like