Ким Џонг-ун патува за Русија, потврди Пентагон.

„Очекуваме некаков вид на средба и врз основа на информациите што ги добивме, Ким Џонг-ун патува за Русија“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер.

Тој одби да образложи, но рече дека Соединетите Држави и понатаму се загрижени дека Северна Кореја размислува да обезбеди материјална поддршка за Русија.

И Пјонгјанг и Москва претходно го потврдија самитот меѓу Ким и Владимир Путин во услови на продлабочување на изолацијата на Русија поради војната во Украина.