Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.681, околу 2.500 повредени

by Administrator

Бројот на загинатите во разорниот земјотрес во Мароко се зголеми на 2.681, додека 2.501 лице се повредени, јавува Anadolu.

Министерството за внатрешни работи на Мароко објави ажурирана информација за последиците од земјотресот што се случи ноќта на 8 септември.

Во соопштението се наведува дека загубите на човечки животи во земјотресот се искачиле на 2.681, а бројот на повредени на 2.501.

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се случи ноќта на 8 септември во Мароко, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.

Освен Маракеш, земјотрес ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.

Министерството за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека во земјотресот животот го загубиле 2.497 лица, а 2.476 се повредени.

You may also like