Терористичката организација ПКК/ЈПГ со ракети гранатираше џамија и цивилни куќи во селото Ал-Уласли во областа Ал Баб во северна Сирија.
Терористите на ЈПГ/ПКК, кои го зазедоа регионот Урајме на истокот на Ал Баба, го нападнаа селото Ал-Уласли со повеќе ракетни фрлачи.
Неколку ракети кои паднале врз селото ги погодиле куќите на цивилите, а цел на нападот била џамијата „Омар бин Хатаб“, која претрпела штета.

По терористичкиот напад, околу 200 семејства кои живеле во во Ал-Уласли морале да се преселат во центарот на Ал-Баб.
Абдула, еден од селаните, за дописникот на Анадолу изјавил дека џамијата исто така била оштетена во нападот на терористите на ПКК/ЈПГ.
– ПКК/ЈПГ ја бомбардираа џамијата. Околу 90 отсто од цивилите во селото побегнале. Џамијата е Божја куќа, не е поврзана со ниту една воена група, но била погодена. Џамијата претрпе големи штети – изјави Абдула.

ПКК е сепаратистичка и терористичка организација која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.










