Европската унија (ЕУ) во саботата соопшти дека палењето копија од Куранот или која било друга света книга е „навредливо“ и претставува „непочитување и јасен чин на провокација“.

Реакцијата дојде откако лицето идентификувано како Салван Момика запали примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред џамија во Стокхолм во средата.

Провокацијата се совпадна со првиот ден на Курбан Бајрам, еден од најголемите исламски верски празници што го слават муслиманите ширум светот.

Манифестациите на расизам, ксенофобија и нетолеранција немаат место во Европа“, изјави Набила Масрали, портпаролка на Европската унија за надворешна политика и безбедност.

Таа додаде дека ЕУ се придружува на шведското Министерство за надворешни работи во нивното силно отфрлање на чинот на палење на Куранот.

„Овој чин на никаков начин не ги одразува ставовите на Европската унија. Уште пожалосно е што таков чин беше извршен за време на важниот муслимански празник Еид ал-Фитр“, додаде Масрали.