Во преполната ZOPPAS ARENA, наши роднини, пријатели, печалбари, кои се наоѓаат на привремена работа во Италија во делот на општините Конеглиано и Сусегана, имаа можност заеднички да клањаат Бајрам намаз.
Ми причинува посебна чест и задоволство, што овој празник Курбан Бајрам, заеднички го пречекавме во олкава бројка со над 2000 верници, и сето тоа ми дава поголема сатисфакција и одговорност кон оваа работа, кога станува збор за заедничко обавување на намаз, или слични акитивности и прослави поврзани со исламот.
Вие знаете дека слични активности имавме и за време на мубарек месец рамазан, сето тоа организирано заеднички со членовите на Здружението Еманет, кое секога е на првата борбена линија кога треба да се организира или помага во некоја слична активност како оваа активност.
Она што особено нѐ радува е тоа што бевме посетени од страна на градоначалниците на Општина Конеглиано и Сусегана, Sindaco Gianni Montesel Fabio Chies di Conegliano заедно со нивните соработници.

При нивната посета, имавме можност да поразговараме и да ги запознаеме со нашите секојдневни и идни активности.запознаеме со нашите секојдневни активности, при што не изостани нивната честитка по повод овој светол верски празник.
Сето ова допринесе истовремено и за продлабочување на соработката со институциите, ни изјави Ајхан Нурчески, имам











