По повеќе од 20 години владеење на Реџеп Таип Ердоган и неговата партија АКП, промената на власта на опозицијата изгледаше поверојатна од кога било. Но, прво, работите излегуваат поинаку, а второ, поинаку отколку што мислите. Кој ќе биде следниот претседател на Република Турција ќе одлучува вториот круг на гласање.

Ердоган владее  со Турција и ја воздигна од нула, како економски така и на надворешан план. Опозицијата пак не успеа да освои мнозинство во првиот круг од претседателските избори. За 14 дена ќе има пресметка меѓу Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу.

„Поразен на изборите е Киличдароглу“

Веќе беше доста поминато полноќ. Поддржувачите на претседателот Ердоган од раните вечерни часови се собираа пред седиштето на партијата АКП и се подготвуваа за идната изборна победа на нивниот „султан“. Тие сепак треба да почекаат. Сè уште нема конечни резултати. Кој има предност? Кој ќе биде новиот претседател? А песната „Реџеп Таип Ердоган, Реџеп Таип Ердоган – наш претседател!“ се слуша одново и одново од огромните звучници.

Според анкетите спроведени пред изборите, ривалскиот кандидат Кемал Киличдароглу се очекуваше да го победи Ердоган во недела. „Не верувајте на ниту еден институт за истражување на јавното мислење“, вели нашиот возач Седат, кој нè вози од седиштето на АКП до хотелот после една измината ноќ. „Никој не ја кажува вистината во тие компании. Ердоган најверојатно повторно ќе победи во вториот круг. Киличдароглу е губитник на изборите“, вели тој. „Нашите луѓе се плашат искрено да кажат за кого гласале, вели тој.

Сè испадна поинаку отколку што сите мислеа

Секако, сега сите се прашуваат како можеше да дојде до таков резултат. Мал дел од гласовите на националистички ориентираната партија ИЈИ не можеше да го поддржи кандидатот Киличдароглу. Понатаму, прокурдската ХДП остана под 10 проценти.

Причина за тоа може да биде и тоа што за разлика од претходните избори оваа партија немаше свој претседателски кандидат. Тоа потоа доведе до фактот дека сите нивни симпатизери не излегоа на гласање, што значи дека не може да се изврши мобилизација на гласачите. Отворената поддршка на ХДП за Киличдароглу не им се допадна ниту на многу Курди.

Изборната кампања, која исто така се водеше зад грбот на бегалците во Турција, го фаворизираше националистичкиот камп. Без исклучок, сите ја видоа оваа група со мал процент на поддршка од гласачите или дури и во илјада. Но, Синан Оган, националистичкиот претседателски кандидат, освои повеќе од пет проценти. Ултранационалистичката МХП, која имаше седум отсто во анкетите, на парламентарните избори освои повеќе од 10 отсто.

Недвосмислениот став дека што е можно повеќе бегалци треба да бидат вратени во нивните матични земји беше добро прифатен од гласачите во Турција. Но, тоа не е се. За време на предизборната кампања повеќе од често можеше да се забележи едно – јазикот на насилството, заканите и нападите. Киличдароглу, рече Ердоган, добива наредби од ПКК. Тој, пак, е различен: „Ние добиваме наредби само од Алах и нашиот народ!“ извика Ердоган на микрофонот од балконот на седиштето на неговата партија во 2 часот по полноќ по изборите. А на предизборните митинзи се слушаше претседателот како вели: „Повеќе верувај на богобојазлив отколку на пијаница“.

Земјотресот и економската состојба не играа улога

Набргу по разорниот земјотрес во февруари оваа година, во кој само во Турција животот го загубија повеќе од 51.000 луѓе, сите мислеа дека Ердоган ќе биде казнет искоруистувајќи ја таквата состојба, мислејќи дека ќе придобијат поени, демек Ердоган не е во можност да се справи со таквата состојба. Но и овде работите испаднаа поинаку.

АКП и Ердоган не забележаа загуби вредни за споменување во тие области. Едвај два отсто. Но, ниту тие загуби не му беа од корист на опозицискиот кандидат Киличдароглу – тука профитираше националистот Синан Оган.  Многумина веруваат дека актуелниот претседател може да ги сврти работите и да ја врати Турција на економски план.

Во следните 14 дена погледите сега ќе бидат насочени кон националистот Синан Оган. Што се однесува до неговото размислување и идеологија, поранешниот парламентарец на десничарската националистичка МХП е поверојатно да се сврти кон Републиканската алијанса на Ердоган. Оган сега ги држи сите карти во свои раце. Со повеќе од пет проценти сега можеше мирно да седи и да чека што ќе му понудат власта и опозицискиот табор. Затоа што и двете коалиции знаат дека Оган не може да се заобиколи.

Дури и ако десничарскиот националист Оган често го напаѓаше Ердоган во минатото, тоа не значи дека Киличдароглу може да биде сигурен во поддршката на Оган. Како што реков: Прво, работите секогаш излегуваат поинаку, и второ, поинаку отколку што мислите.

Извор: (ТБТ)