На самиот крај на изборната ноќ на својот Твитер профил се огласи актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
– Тоа што изборите на 14 мај се одржаа во форма на голем празник на демократијата со мир и спокојство се израз на демократската зрелост на нашата Турција. Изборите поминаа во многу позитивна и демократска атмосфера, пребројувањето на гласовите се уште трае, а обидите за пребрзо објавување на резултатите би значело нарушување на волјата на гласачите. Драго ни е што наклонетоста на нашата нација се одразува и во досегашното пребројување на гласовите. Ги молам сите мои пријатели и колеги да останат покрај гласачките кутии, без разлика на се, до официјалното објавување на резултатите. Им честитам на сите граѓани кои гласаа во име на демократијата и учествуваа во изборниот процес и им благодарам на секој од нив, напиша Ердоган на Твитер.
14 Mayıs seçimlerinin uhulet ve suhulet ile büyük bir demokrasi şöleni şeklinde gerçekleşmesi, Türkiye’mizin sahip olduğu demokratik olgunluğun ifadesidir.…
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) May 14, 2023










