Дијана Хендрик Петронела, 54-годишна холандска државјанка, го прифатила исламот додека го посетила турскиот град Амасија.

Откако го прифатила исламот, Холанѓанката го избрала името Дилек.

Петронела, која вообичаено живее во Утрехт, Холандија, се омажила за Турчинот Мухсин Косе пред 31 година. Оваа мајка на четири деца дошла во Амасија заедно со нејзиниот сопруг да ги посети неговите роднини.

Таа долго време истражувала многу за исламот и решила да премине во ислам за време на нејзината посета на Турција.

Холанѓанката станала муслиманка во присуство на имамот на локалната џамија, муфтијата Абдулхамид Пехливан и други верници.

Муфтијата Пехливан рече дека на оваа жена од Холандија и биле дадени потребните упатства и информации за исламот, истакнувајќи дека религијата ислам е голем благослов за целото човештво.

– Навистина сме среќни што нашата сестра Дилек стана муслиманка. Луѓето се повеќе се свртуваат кон исламот – изјави муфтијата Пехливан.

Дилек рече дека го избрала исламот откако истражувала за оваа религија, истакнувајќи дека била пресреќна откако го кажала Шахадатот, односно зборовите со кои еден муслиман признава дека му припаѓа на исламот.

На крајот од церемонијата, Дилек на подарок доби сертификат за преминување во ислам и исламски книги.