Католиците ширум регионот и светот денеска го слават Велигден, најголемиот и најстар христијански празник.
На празникот Велигден во црквите низ регионот ќе се служи света велигденска миса на која традиционално присуствуваат голем број верници.
Во саботата вечерта, папата Франциско водеше бдение во базиликата Свети Петар во кое ги осуди „ледените ветришта на војната“ и другите неправди.
Во проповедта прочитана пред околу 8.000 луѓе во најголемата црква во христијанскиот свет, Францис зборуваше за горчината, ужасот и разочарувањето што многумина ги чувствуваат денес.
„Можеме да се чувствуваме беспомошни и обесхрабрени пред моќта на злото, конфликтите кои ги раскинуваат односите, калкулацијата и рамнодушноста што се чини дека преовладуваат во општеството, раната на корупцијата, ширењето на неправдата, ледените ветришта на војната, “, рече тој, пренесе Хина, цитирајќи го Ројтерс.
Папата повика на прекин на сите војни.
Велигден е најголемиот и најстар христијански празник бидејќи суштината на христијанското учење го означува Христовото воскресение од мртвите, како победа на верата и животот над смртта.
Како што додава Анадолија, овој ден го претставува столбот и темелот на христијанската вера, поточно воскресението на Исус Христос.









