Сирискиот претседател Башар Ал Асад синоќа пристигнал во официјална посета на Москва, каде денеска треба да разговара со претседателот Владимир Путин. Лидерите последен пат се сретнаа во септември 2021 година.
Претседателот Асад, кој пристигна придружуван од голема делегација министри, на аеродромот со полни почести беше пречекан од Михаил Богданов, специјален претставник на претседателот Путин, заменик министерот за надворешни работи Александар Ивимов и сирискиот амбасадор во Москва д-р Башар Ал Џафари.
Русија беше еден од ретките сојузници на Сирија за време на годините на војна и политичка изолација.
„Ќе се разговара за актуелните прашања за натамошниот развој на руско-сириската соработка во политичката, трговската, економската и хуманитарната сфера, како и за изгледите за сеопфатно решение на ситуацијата во и околу Сирија“, се вели во соопштението на Кремљ.
Сирискиот претседател, кој е во работна посета на Москва, положи венец на гробот на непознатиот војник во близина на ѕидот на Кремљ.
Откако положи венец со темноцрвени рози, врамени со лента во боите на знамето на земјата, Асад одржа едноминутно молчење во спомен на загинатите војници. Церемонијата беше придружена со музика од Специјалниот воен оркестар на почесната гарда. На настанот присуствуваа и сириски политичари и војници









