Џума-намаз и џеназе во отсуство меѓу урнатините во Кахраманмарас

by Administrator

Џеназе намаз беше клањано посл џума намаз за жртвите од земјотресот во Кахраманмарас.

Во Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот, меѓу урнатините се одржа погреб во отсуство.

Голем број верници се собраа денес во харемот на џамијата Ерзурумлуоглу во овој турски град за да се молат за десетиците илјади жртви од земјотресот што минатата недела ја погоди јужна Турција.

Беа испратени пораки за единство и солидарност.

Упатен е апел до оние кои се во можност да ги отворат своите домови за оние кои останаа без нив.

– Да не заборавиме дека денеска е ден на солидарност и помош. Време е за добрина и саможртва – порачаа денеска од Кахраманмарас.

Извор:Фактор

You may also like