Нов земјотрес го погоди југозападниот дел на Турција

by Administrator

Југозападна Турција повторно ја потресе земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Денеска околу 16 часот, според податоците на EMSC, уште еден земјотрес го погоди југозападниот дел на Турција – овој пат со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Според последните податоци, епицентарот бил на 19 километри југозападно од градот Гоксун.

Потсетуваме, овој дел на Турција, а и соседна Сирија, пред 12 дена го потресоа серија силни земјотреси, кои според последните информации однесоа повеќе од 40.000 животи.

You may also like