Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, додека бројот на загинати по разорните земјотреси долж турско-сириската граница надмина 11.000.

Тој број се очекува да се зголеми бидејќи спасувачките напори на мултинационалните спасувачки тимови се забрзуваат во услови на ледени и бурни временски услови. Десетици илјади луѓе беа повредени.

Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата се уништени од 12-годишна војна, побавно пристигнуваат вестите за бројот на загинати. Додека екипите за пребарување и спасување од целиот свет пристигнаа во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.

Насмевка која ги воодушеви сите

На социјалните мрежи кружат многу видеа, а една насмевка го воодушеви целиот свет. Момче од Сирија помина 30 часа под урнатините, а со насмевката ги воодушеви сите откако спасувачите го извлекоа.